Шестмина што играле за МЗТ Скопје сега настапуваат на ЕП 2022!

Дека предводниците на МЗТ Скопје секогаш тежнеат кон ангажирање квалитетни странски кошаркари, пракса што дефинитивно е актуелна и денес, доказ е актуелното Европско првенство (ЕП) во Германија, Италија, Чешка и Грузија на кое настапуваат дури шестмина кои изминативе години го носеле сино-белиот дрес.

Најмногу наши претставници имаме во селекцијата на Велика Британија, чиј дрес на себе го имаат Ден Кларк и Девон Ван Острум. Во дресот на Холандија настапува Шарлон Клоф, еден од адутите на хрватската репрезентација е Доминик Мавра, додека Никола Павличевиќ и Георге Цинцадзе се дел од националните селекции на Црна Гора односно на Грузија.

Македонија не настапува на ЕП 2022, кое е прво по пауза од дури пет години поради промената во системот на натпреварување на ФИБА, како и поради пандемијата со коронавирусот. Во спротивни нашиот клуб дефинитивно би имал поголем број претставници, со оглед што речиси сите наши домашни кошаркари се – репрезентативци.