Пораз во третиот финален меч со ТФТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го загубија третиот натпревар од финалната серија против екипата на ТФТ (58-63), одигран во салата СРЦ „Кале“. И покрај поразот, остануваме во предност со 2-1 во серијата и сме на само една победа од нова шампионска титула.

Натпреварот беше вистински емоционален ролеркостер, во кој нашите кошаркари успеаја да се вратат од негатива од 20 поени, да израмнат на 52-52, но во самиот финиш им недостасуваше прецизност и концентрација за да го довршат пресвртот.

Најефикасни во нашите редови беа Дион Едвин со 19 поени и Андреј Маслинко, кој запиша дабл-дабл учинок со 12 поени и 9 скока. Сепак, нивниот придонес не беше доволен за победа во оваа тешка и неизвесна пресметка.

Следниот натпревар од финалната серија се игра в понеделник (2 јуни), повторно во салата СРЦ „Кале“. Нашиот тим останува максимално фокусиран на предизвикот и верува во триумф што би значел нова титула за МЗТ Скопје.