АБА Лига
Пораз од евролигашот Црвена Звезда во Аеродром!

Три релативно изедначени четвртини, но и пораз на крајот во вечерашната пресметка против најдобриот тим во регионот Црвена Звезда (57-80), во меч од 14. коло од АБА-лигата.
Противникот предводен од Факундо Кампацо одигра фантастично во третиот период (27-8) во кој дојде до клучната позитива, со што го анулира податокот што во вториот и четвртиот дел бевме на само минус еден (18-19 и 16-17), а во првиот на два поени негатиува (15-17).
Дастин Вер со 16 поени и пет асистенции и Војдан Стојановски со 13 поени и четири скока беа најефикасни во нашиот состав, додека Мајк Кафи и Страхиња Миќовиќ реализираа по девет поени.
Наш следен противник е уште еден евролигаш, со оглед што на 16 јануари му гостуваме на Партизан.