Пораз на гостувањето кај Златибор
Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и вториот пораз во петтиот натпревар од сезоната во АБА 2 лига, откако на гостувањето кај Златибор Чајетина беа поразени (74-102), по две сосема различни полувремиња.
Иако конечниот резултат е висок, „металците“ одиграа многу добро во првото полувреме во кое беа рамноправен противник и имаа шанса со предност да заминат на одмор. Првата четвртина му припадна на домашниот тим со 29-28, но МЗТ одлично го отвори вториот период и во најголем дел имаше водство. Сепак, во самиот финиш од полувремето, Златибор направи пресврт и на пауза замина со предност од 54-49.
Клучниот пад во играта на МЗТ се случи во третата четвртина, кога домашниот тим ја презеде целосната контрола и овој период го доби со 23-12, што практично го реши победникот. Во последната четвртина Златибор рутински ја одржуваше предноста и на крајот стигна до убедлива победа од 102-74.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Гил со 24 поени, Мек Смит натпреварот го заврши со 13 поени, додека Мекејден постигна 10 поени.