Очекувано лесно го прескокнавме и Куманово!

Лесна и убедлива победа на гостувањето кај Куманово (88-68) во меч од 17. коло од Првата лига, по кој остануваме на врвот од прволигашката табела со скор 15-2 и најмалку една победа повеќе во однос на најголемиот ривал Пелистер.
Одигравме рутински, без претерано трошење на силите, кои и тоа како ќе ни требаат в сабота кога ја пречекуваме Игокеа во дуел од АБА-лигата. Минутажата беше рамномерно распределена, шанса добија сите, а најголемата предност беше обезбедена во второто полувреме кое го добивме со 48-27.
Кеандре Кук со 17 поени беше најефикасен кај шампионот, Дамјан Стојановски постигна 14 поени, додека Мајк Кефи мечот го заврши со девет поени, осум скока и 11 асистенции.
Следен домашен противник, пак, ќе ни биде Чаир кому ќе му гостуваме во текот на следната недела.