МЗТ Скопје со уште една победа на домашната сцена!

МЗТ Скопје го продолжува успешниот старт во Првата МТЕЛ лига, совладувајќи го КК Кожув со резултат од 69-63 во натпреварот од 8. коло. Нашиот тим уште еднаш покажа цврстина и тимска игра, освојувајќи ја шестата победа во домашното првенство оваа сезона.

Најефикасни играчи:

  • Војдан Стојановски: 13 поени, 12 скока
  • Дамјан Стојановски: 12 поени, 8 скока
  • Брендон Слај: 12 поени
  • Марко Баковиќ: 10 поени, 9 скока

Следниот предизвик за „штрковите“ е натпреварот против Теодо, кој ќе се одигра в среда во Тиват.