Разно
МЗТ организира прес-конференција за промоција на новиот тренер!

Согласно заложбите за транспарентна работа и запознавање на јавноста со сѐ што се случува во клубот, управата на МЗТ Скопје Аеродром свика прес-конференција, која ќе се одржи на 2 март (среда) од 12.30 часот во прес-салата во склопш на спортскиот центар „Јане Сандански“.
Повод за оваа средба со медиумите е промоцијата на новиот тренер, Александар Петровиќ, кој од вчера одново е на кормилото на нашиот тим. Заедно со него ќе биде промовиран и новиот стручен штаб, со чија помош ќе се направи сѐ за да се одбрани титулата и да се атакува на враќање во АБА1-лигата.
Поканети се новинари, фоторепортери и сниматели од сите медиуми во државата, чие присуство ќе биде драгоцено.