КФМ изрече нова парична казна за МЗТ Скопје Аеродром!

Oрганите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), вторпат во краток период, парично го казнија МЗТ Скопје, но овој пат наместо Дисциплинската комисија, која неодамна ни изрече санкција од 300.000 денари и двегодишна суспензија на директорот Тони Грнчаров, на која веќе се жалевме, тоа го стори комесарот Александар Милојевиќ поради извештајот на делегатот од неодамнешното вечно-дерби во кое лесно и убедливо го совладавме Работнички (87-66).

На нашиот тим му е наложено да плати 8.000 денари поради наводното „неспортско навивање“ на нашите навивачи упатено кон тренерот на гостинската екипа, како и дополнителни 16.000 денари поради истакнување на транспарент, кој, според нивните стандарди, имал навредлива содржина кон „Претседателот на КФСМ“.

Колку и да не се согласува со причините за изречените казни, МЗТ Скопје стоечки ќе ги прифати санкциите, со надеж дека делегатите и комесарот ќе бидат исто така ревносни во санционирањето на исти и слични работи на средбите кои нашиот тим ќе ги игра на гостинските терени.