Евролигашки старт: Прво на гости кај Ц. Звезда, па ни доаѓа – Партизан!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат пеколен старт на сезоната во АБА-лигата, каде што се враќаат по четиригодишно отуство, со оглед што во првите две кола за противници ќе имаат екипи од – Евролигата.

Денешната ждрепка сакаше нашите момци на отворањето на регионалната лига да ѝ гостуваат на Црвена Звезда, актуелниот победник и долгогодишен учесник во најсилното европско натпреварување. А, работите да бидат уште потешки, се погрижи фактот што првиот меч на домашен терен ќе го одиграме со Партизан, вториот српски гигант и најтрофеен тим во АБА. Тоа ќе биде одлична шанса за македонската спортска јавност во живо да го види најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, но ќе биде и можност за сино-белите момци да му покажат на силниот противник дека не случајно се вратија во друштвото на најдобрите на Јадранот.

Нашиот тим досега ги обезбеди услугите на Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев од македонските репрезентативци, како и на Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, заедно со српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА-ЛИГАТА

1. коло: Ц. Звезда – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

2. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Партизан

3. коло: Будуќност – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

4. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СЦ Дерби

5. коло: Цедевита Олимпија – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

6. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Морнар

7. коло: ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

8. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Мега

9. коло: Игокеа – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

10. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац

11. коло: Задар – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

12. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сплит

13. коло: Цибона – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ