Bestway Solutions – ново засилување на победничкиот тим на МЗТ Скопје!

Посакуваниот квалитетен настап против најдобрите екипи во регионот во АБА-лигата, заедно со атакот на победничките трофеи во двете домашни натпреварувања, не би бил можен без нашите економски пријатели, без чија несебична помош не би можеле да дојдеме до финансиската конструкција потребна да се дојде до зацртаните цели.

Затоа, како што досега ги објавувавме кошаркарите и тренерите кои ќе го понесат товарот на средбите што нѐ очекуваат, во следниот период ќе ги претставиме и „играчите“ кои ќе бидат дел од нашиот спонзорски тим, а чија важност е идентична со тој на паркетот. Честа да ја отвори низата има компанијата „Bestway Solutions“.

Станува збор за успешна македонска компанија, која соработува со голем број на интернационални компании и нуди модерни дигитални решенија. Главниот фокус на компанијата е овозможување на професионална грижа за корисници и оптимизирање на корисничкото искуство, како и креативни и ефикасни маркетинг услуги фокусирани на крајниот корисник.

Поддржани со голем тим, најмодерни услови за работа и во постојана потрага по најдобриот локален талент за вработување, „Bestway Solutions“ брзо прерасна во успешна и претпознатлива компанија во Македонија. „Bestway Solutions“ со проактивен пристап фокусиран на задоволството на клиентите и модерен маркетинг пристап успева да ги комбинира двата главни столба за успешен бизнис. Одлично корисничко искуство со автентични маркетинг активности, кои се клуч за развој во секоја компанија.

Местата во нашиот спонзорски тим не се ограничени, поради што се надеваме дека и други општествено-одговорни компании каква што е „Bestway Solutions“ ќе го препознаат нашиот труд, квалитет и желба за претставување на највисоко ниво не само на клубот, туку и на македонската кошарка во целост. Тоа значи дека ако сте фирма желна да врати во средината од која доаѓа и да вложи во најдоброто што го има нашата држава, сѐ уште имате време да ни се приклучите и да го „облечете“ сино-белиот дрес.

Верувајте дека нема да зажалите!