Баснарков четврта сезона по ред ќе ги „челичи“ кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Сигурно еден од најдобрите македонски тренери за физичка подготовка на спортистите, Петар Баснарков и во следната сезона ќе се грижи за кондицијата на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска, на заедничко задоволство, потпиша нов договор со нашиот клуб.

И покрај големиот број понуди од другите клубови, Баснарков, кој во моментов важи за еден од нашите наједуцирани и кондициски тренери кои редовно го следат светскиот тренд, реши да остане во сино-белиот табор, за заеднички да продолжиме да остваруваме највисоки резултати. Со него речиси секое лето, секојдневно, индивидуално тренираат голем број македонски репрезентативци во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка.

Тој лани работеше со кадетската ракометна репрезентација на Македонија, која настапи на Светското првенство (СП) во Скопје, а се грижеше и за кондицијата на Кирил Лазаров и останатите сениорски репрезентативци пред настапот на ЕП 2020 во Германија, Австрија и Шведска.

За Баснарков ова е четврта сезона во низа како ќе се грижи за „челичењето“ на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром.