Официјално: МЗТ го продолжи договорот со тренерот Атанасов!

Со голема радост информираме дека МЗТ Скопје го продолжи договорот со првиот тренер Васко Атанасов, кој и во новата сезона ќе го води нашиот тим.

Тој ја презеде оваа функција во финишот на сезоната 2022/23, од кога оствари резултати кои го вбројуваат меѓу најуспешните стратези во историјата на клубот – три шампионски титули (2023, 2024, 2025), како и по два пати освоени Купот на Македонија (2024, 2025) и Суперкупот (2023, 2024).

Горди сме што со продолжувањето на соработката обезбедуваме континуитет, стабилност и амбиција за уште поголеми успеси во сезоните што следат. Воедно, потврдуваме дека дел од стручниот штаб ќе останат и неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков, кој ќе се грижи за кондициската подготвеност.

Во следниот период ќе ги претставиме и новите засилувања, заедно со кошаркарите кои ќе останат во тимот и за следната сезона.