Уште една убедлива победа над Работнички!
МЗТ Скопје Аеродром продолжи со победничкиот ритам и оствари нов триумф против Работнички со 75-63 во натпревар од 14. коло на Првата МТЕЛ лига. Ова беше 13-та победа во последните 14 меѓусебни дуели, со што сино-белите ја потврдија својата доминација во домашното првенство.
Најистакнати играчи на натпреварот беа Војдан Стојановски со 20 поени и 4 асистенции, Бојан Крстевски со 14 поени и 4 скока, Дион Едвин со 12 поени и 6 скока, Андреј Маслинко со 11 поени и 9 скока и Андреј Магдевски со 6 поени, 7 скока и 6 асистенции.
Со оваа победа, МЗТ Скопје останува на врвот на табелата со скор 11-3. Следниот натпревар тимот го игра на гостински терен против МКК Куманово, а сино-белите ги повикуваат навивачите да продолжат со поддршката во пресрет на новите предизвици.