Прва лига
Со убедлива победа над Пелистер ја почнавме новата година!
МЗТ Скопје успешно ја отвори 2025 година со доминантна домашна победа против Пелистер (82-62) во меч од 13. коло од Првата МТЕЛ лига. „Сино-белите“ брзо ја наметнаа својата игра, поведувајќи со 20-7 уште во првата четвртина, што им донесе сигурна контрола врз натпреварот до самиот крај.
Клучен момент беше агресивната одбрана во почетните минути, која ги спречи гостите да постигнат кош, овозможувајќи серија од 10-0. Најпрецизни за аеродромци беа Дион Едвин со 18 поени и Андреј Магдевски, кој забележа фантастичен учинок од 16 поени, 10 скока и 5 асистенции.
Со оваа победа, МЗТ Скопје останува на врвот на табелата со скор 10-3, пред големото дерби против Работнички закажани за в сабота исто така во „Јане Сандански“.