Прва лига
МЗТ Скопје со уште една победа на домашната сцена!
МЗТ Скопје го продолжува успешниот старт во Првата МТЕЛ лига, совладувајќи го КК Кожув со резултат од 69-63 во натпреварот од 8. коло. Нашиот тим уште еднаш покажа цврстина и тимска игра, освојувајќи ја шестата победа во домашното првенство оваа сезона.
Најефикасни играчи:
- Војдан Стојановски: 13 поени, 12 скока
- Дамјан Стојановски: 12 поени, 8 скока
- Брендон Слај: 12 поени
- Марко Баковиќ: 10 поени, 9 скока
Следниот предизвик за „штрковите“ е натпреварот против Теодо, кој ќе се одигра в среда во Тиват.