Победа над Гостивар по едно продолжение!
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до својата четврта победа во Првата МТЕЛ лига, совладувајќи го тимот на Гостивар со резултат од 96-90 по едно продолжение.
Во шестиот натпревар од домашната сезона, нашите момци одиграа одлично во најголем дел од средбата и ги искористија решавачките моменти во екстра-периодот за да обезбеди победа пред своите фанови.
Клучни играчи на натпреварот беа Брендон Слај со 20 поени, од кои девет во дополнителниот период, 7 скока и 8 асистенции. Милош Копривица, пак, придонесе со 22 поени и 9 скока, додека Војдан Стојановски постигна 12 поени и собра 6 скока. Марко Баковиќ имаше забележителен дабл-дабл ефект со 11 поени и 11 скока, што значително помогна во конечниот успех на тимот.
Со оваа победа, МЗТ Скопје продолжува со максимална посветеност и подготвеност за следните натпревари во лигата, каде што целта останува да го продолжи победничкиот ритам.