Неуспешно гостување во Битола – минимален пораз од Пелистер!

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром претрпе минимален пораз на гостувањето кај Пелистер (67-68), во натпреварот од 2. коло на Првата МТЕЛ лига.

Нашите момци покажаа храбра игра, но не успеаја да дојдат до посакуваната цел. Брендон Слај со 13 поени беше најефикасен во нашиот тим, Милош Копривица и Бојан Крстевски додадоа по 11 поени, додека Војдан Стојановски реализира 10 поени.

Следниот предизвик за тимот е натпреварот КК Работнички Скопје, кој ќе се одигра наредниот викенд.