АБА Лига
Пораз на гостувањето кај Цедевита јуниор!
МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај Цедевита Јуниор (75-77) во меч од втората рунда од АБА2 лигата.
Средбата заврши во драматично продолжение, кое не успеа да им донесе поволен резултат на нашите момци. Дион Едвин беше најпрецизен со 26 поени, Брендон Слај постигна 17 поени додека Војдан Стојановски дополни со девет поени.
Следниот предизвик за МЗТ Скопје доаѓа веќе в сабота, кога ќе се соочиме со Пелистер во Битола, во натпревар од 2. коло на Првата МТЕЛ лига, кој ќе се игра во 18:30 часот.