Со убедлив триумф над Шкупи го почнавме походот кон 12. титула!

Со доминантна победа на гостински терен во СРЦ „Кале“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром го започна походот кон 12. титула во клупската историја.

Во убедливиот триумф на гости против Шкупи (95-59) најефикасен на паркетот беше Андреј Андоновски, кој за 21 минута игра постигна 21 поен со само две промашувања од поле (10/12). Андреј Маслинко додаде 17 поени, Милош Копривица забележа 14, а Брендон Слај придонесе со 13 поени.

Наредниот предизвик за МЗТ Скопје е гостувањето кај Цедевита Јуниор во рамките на АБА 2 лигата, закажан за 10 октомври (четврток).