Андреј Маслинко и официјално се врати во дресот на МЗТ Скопје!
Македонскиот репрезентативец, Андреј Маслинко (27 год, 208 см), од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје, откако ги договори сите услови и го стави потписот на договорот со нашиот клуб.
Тој додека преговараше со нашата управа настапи за „металците“ во триумфот на турнирот „Андреј Грковски“, на кој убедливо ги победивме Работнички и ТФТ. За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше сино-белиот дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.
Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. Во тимот се уште Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ. Новата сезона ја почнуваме на 24 септември со мечот на домашен терен против Теодо на стартот од АБА2-лигата.