Одбраната на титулата ќе ја почнеме со Шкупи, па нѐ чекаат две дерби-гостувања!
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром одбраната на трофејот во македонската Прва лига ќе ја почне на домашен терен и тоа против повратникот во елитата Шкупи, меч закажан за 5 октомври.
Во следните две недели пред избраниците на тренерот Васко Атанасов ќе бидат две дерби-гостувања и тоа против Пелистер во Битола во реприза на финалето од минатата сезона и против вечниот ривал Работнички во СРЦ „Кале“. Потоа, во првиот дел од шампионатот на домашен терен ќе ги пречекаме МКК Куманово, Гостивар, Кожув и Феникс, додека ќе им гостуваме уште и на Чаир 2030, Вардар, ТФТ и на Тиквеш.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1. коло: МЗТ СКОПЈЕ – Шкупи
2. коло: Пелистер – МЗТ СКОПЈЕ
3. коло: Работнички – МЗТ СКОПЈЕ
4. коло: МЗТ СКОПЈЕ – МКК Куманово
5. коло: Чаир 2030 – МЗТ СКОПЈЕ
6. коло: МЗТ СКОПЈЕ – Гостивар
7. коло: Вардар – МЗТ СКОПЈЕ
8. коло: МЗТ СКОПЈЕ – Кожув
9. коло: ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ
10. коло: МЗТ СКОПЈЕ – Феникс
11. коло: Тиквеш – МЗТ СКОПЈЕ