Војдан Стојановски интернационалната авантура ја почна во 2011 година, кога замина за Украина. Од тогашниот настап за Черкасеи мавпи, македонскиот репрезентацивец настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Кариерата ја почна во Вардар, а има играно уште и за АМАК-СП, Напредак Крушевац и за Фени индустри.