Васко Атанасов и во следната сезона ќе го предводи МЗТ Скопје!

Чест ни е да го потврдиме тоа што многумина веќе го знаеја или го претпоставуваа, а тоа е дека Васко Атанасов и во следната сезона ќе биде прв тренер на МЗТ Скопје.
Станува збор за 29-годишен перспективен стратег, кон не е само светла иднина на нашиот клуб туку и на македонската кошарка во целост. Тој одамна е дел од аеродромската светост, прво како дел од младинската школа, а потоа и како помошник во стручниот штаб. По заминувањето на Драган Николиќ пред крајот на минатото првенство, Атанасов го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе нашиот тим до посакуваната шампионска титула – десетта во клупската историја. Зад нашиот предводник од клупата е искуство од предводење неколку екипи како прв тренер и тоа БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.
Истовремено, може да објавиме дека дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје од следната сезона ќе биде и повратникот во нашиот тим, Никола Велев, кој се враќа во сино-белиот табор по двегодишниот престој во ТФТ.