Испечатете ја страната

Јуниорите сребрени, помладите кадети денеска играат за бронза

2018 04 Јун

Јуниорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром се закити со сребрениот медал на завршниот турнир од М-18 лигата на МКФ, откако загуби во синоќешното финале против Работнички (69-93).

Сино-белите во полуфиналето лесно го минаа тимот на Вардар, но потоа немаа сили да ја повторат истата игра против центарските црвено-бели. Дамјан Миса одново беше најпрецизен во нашиот состав со дабл-дабл ефект од 21 постигнат поен и 10 скока, Платин Џеладин постигна 16 поени додека Борјан Стојановски застана на 11 поени.

Помладите кадети, пак, на МЗТ Скопје Аеродром денеска против Партизан Мулти Шпед (18.15 часот) ќе играат за бронзениот медал на завршниот турнир од М-15 лигата на МКФ. Избраниците на тренерот Дарко Димитријевиќ вчера загубија во полуфиналната пресметка со Вардар (66-69).