Казна од една плата за играчите и тренерите на МЗТ Скопје Аеродром!

2016 14 Ное

Управата на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром донеска донесе одлука за изрекување казна во висина од една плата за кошаркарите и стручниот штаб и тоа поради лошите резултати остварени од почетокот на сезоната, кои ниту од далеку не го оправдуваат досега вложеното во нив, како и поради (не)залагањето и индолентноста кои и тоа како можеа да се забележат на натпреварите и на тренинзите.

Играчите и тренерите ги имаат сите услови за работа, кои се подобри од голем број екипи што се натпреваруваат во АБА-лигата, исплатите на платите се во предвидениот рок, поради што е уште поголемо разочарувањето од фактот што досега се остварени само две победи во дури 13 одиграни средби. Се надеваме дека оваа одлука ќе делува позитивно кај кошаркарите и стручниот штаб, кои во иднина ќе почнат да го даваат својот максимум за да се најде излез од кризата и да се почне со остварување на резултати кои би биле адекватни на вложените средства и на очекувањата како на управата така и на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром.

Прва можност за тоа е задутрешниот дуел на домашен терен против литвански Лиеткабелис во рамки на 6. коло од Еврокупот, како и два дена подоцна кога во „Јане Сандански“ ќе го пречекаме тимот на ФМП во рамки на 10. коло од АБА-лигата.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page