Пионерите не запираат: МЗТ Скопје најдобар на турнир во Бугарија, Стефанов избран за МВП!

2016 06 Ное

Пионерскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром оствари уште еден одличен резултат, откако триумфира на силниот меѓународен турнир „Росен Бенчев“, кој изминативе три дена се одржа во бугарскиот град Ботевград.

Сино-белите кошаркари на возраст до 12 години остварија пет победи во исто толку натпревари и на доминантен начин стигнаа до победничкиот трофеј. Клучниот триумф беше остварен претпладнево, кога беше прегазен дотогаше непоразениот тим на Буба баскет (62-35). Претходно, пред налетот на избраниците на тренерот Митко Маринковски паднаа организаторот Балкан (71-55), Академија Актавис од Лесковац (79-45), Рилски спортист (69-38) и Лукоил Академик (64-43).

Големиот триумф беше крунисан и со признанието за најкорисен МВП-играч, кое повеќе од заслужени заврши во рацете на нашиот Рубин Стефанов. Веднаш покрај него беше и Тео Војновиќ, но ништо полоши не беа ниту останатите кои настапија: Павел Иванов, Михаил Стерјовски, Марко Јаневски, Саво Стојановиќ, Ристе Буклишев, Христијан Ванчов, Христијан Свртинов, Ангел Кечовски, Филип Подбрезник и Лука Серафимовски.

Претходно, пионерите на МЗТ Скопје триумфираа на „Балкански Триглав куп“ кој се одигра во „Јане Сандански“, а беа втори на силниот меѓународен турнир во Софија пред неколку месеци.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page