Пионерите на МЗТ Скопје победници на силен турнир и тоа среде - „Градски парк“!

2016 30 Окт

Селекцијата на МЗТ Скопје Аеродром за кошаркари до 13-годишна возраст продолжи со остварувањето добри резултати, откако триумфираа на турнирот кој изминатите два дена се одржа во салата „Градски парк“ во организација на лутиот ривал Работнички.

Сино-белите пионерчиња во полуфиналето убедливо го совладаа тимот на Јуниор со 77-52 додека во финалето беа подобри од Партизан Водно санс (69-68). Избраниците на тренерот Митко Маринковски покажаа карактер и огромна волја за триумф во пресметката за победничкиот трофеј, до кој дојдоа откако во два наврати се вратија по негатива од дури 20 поени. Најзаслужни за ваквиот пресврт беа Томе Велковски и Ненад Благоевски. Во борбата за третото место, Јуниор беше подобар од организаторот Работнички.

Борјан Димовски беше избран за најкорисен МВП-играч и најзаслужен за триумфот на МЗТ Скопје Аеродром. Голем пех пионерската селекција беше незгодната повреда на капитенот Христијан Стојков на почетокот од финалето, за што сите во таборот на клубот му посакуваат што побрзо да ја надмине и да се врати меѓу соиграчите и тренерите кои со нетрпение го очекуваат. Претходно, пионерчињата од Аеродром го освоија второто место на „Буба купот“ во Бугарија, а беа победници на силниот „Триглав Балкански куп“ на кој бевме во улога на организатори.

Пехарот на теренот на лутиот ривал од „Градски парк“ го освоија: Адем Адемовиќ, Антонио Софрониевски, Борјан Димовски, Кире Николовски, Александар Дафинчевски, Томе Велковски, Горазд Зафировски, Марко Спасовски, Ненад Благоевски, Антонио Илиоски, Никола Масевски.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page