МЗТ Скопје Аеродром и официјално ја прекина соработката со Мејси и со Томас

2016 10 Окт

Управата на КК МЗТ Скопје Аеродром АД би сакала да ја извести спортската јавност кај нас дека денеска и официјално е прекината соработката со американските интернационалци, Џеремаја Мејси и Тори Томас. На двајцата им се заблагодаруваме на досегашниот придонес и им посакуваме успех во понатамошната кариера.

Би сакале и да информираме дека по синоќешната неотповиклива оставка на тренерот Емил Рајковиќ, во следниот период улогата на прв стратег ќе ја има досегашниот помошник, Александар Јончевски. Со ова, истовремено, би ги демантирале денешните шпекулации во медиумите за евентуалните наследници на Рајковиќ и би апелирале во иднина да не се изнесуваат непотврдени информации, кои само му штетат на реномето на нашиот клуб.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page