Пуштени во продажба влезниците за третото деби на Синовец во дресот на МЗТ Скопје

2016 07 Окт

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност кај нас дека денеска (7 октомври) почна продажбата на влезниците за вториот домашен натпревар сезонава во АБА-лигата и тоа против загрепска Цибона, закажан за 9 октомври (недела) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 21 часот, во рамки на 4. коло од регионалното натпреварување.

Цената на билетот за овој меч, на кој ќе дебитира повратникот во тимот Стефан Синовец, е 100 (сто) денари и може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/. За Синовец ова е трето враќање во сино-белиот дрес откако играше во него од 2013 до 2015 година со мало отсуство во кое настапуваше за унгарски Шолнок.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page