Уште еден трофеј: МЗТ Скопје е победник на турнирот „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци!

2016 26 Сеп

Нешто потешко од очекувањата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Фени индустри со 82-79 (15-18, 27-17, 20-23, 20-21) во финалето на седмото издание на турнирот „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци и го одбранија пехарот освоен минатата сезона.

Кавадарчани се покажаа како далеку потврд орев во однос на неодамнешното полуфинале од Суперкупот, во кое славевме со 33 поени разлика, а истовремено ка нас беше видлива желбата да се сочуваат дел од силите за стартот на АБА-лигата и средбата против Црвена звезда за четири дена во Белград. Вечерва во дресот на „металците“ повторно не настапи Ѓорѓе Дреновац поради повредата на бутниот мускул добиена на претходниот меч на овие два тима во салата „Јане Сандански“.

Вечерашниот меч беше максимално возбудлив и неизвесен до самиот крај, со константна иницијатива на избраниците на тренерот Емил Рајковиќ, кои во повеќе навратија имаа позитива и од осум поени. Сино-белите во последните неколку минути влегоа со плус седум (73-66), но следуваа седум поени по ред на противникот кој го изедначи резултатот, пред Тори Томас да ја постигне можеби клучната тројка, нешто налик на начинот на кој го реши Карпош Соколи во финалето од Суперкупот. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром до крајот ја задржаа оваа предност и заслужени се радуваа на освоениот трофеј.

Џош Скот со 16 поени и Томас со 14 беа најпрецизни во нашиот тим, а двоцифрени беа уште и Џеремаја Мејси и Урош Лучиќ со 11 односно 10 поени. Ксавиер Темс, Шарлон Клоф и Јуре Лалиќ постигнаа по девет поени, а зад името на Марко Симоновски останаа запишани четири поени.

Утре е ден за одмор во таборот на шампионот, по што следуваат последните тренинзи пред петочното отворање на сезоната и гостувањето кај актуелниот првак на АБА-лигата.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page