МЗТ Скопје лесно го преслуша Пеќ и се пласира во финалето на турнирот во Кавадарци

2016 25 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром без поголеми проблеми со пласираа во финалето од седмото издание на меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци, откако попладнево убедливо го совладаа косовскиот прволигаш Пеќ со 75-57 (15-12, 20-19, 25-10, 15-16).

Без разлика што имаа само еден ден одмор по двата напорни меча во завршницата во Суперкупот, во која стигнаа до победничкиот пехар, избраниците на тренерот Емил Рајковиќ не дозволија опуштање и со паметна игра, особено во второто полувреме, го скршија отпорот на амбициозниот состав од Косово, на чија клупа од неодамна седи нашиот поранешен тренер, Александар Тодоров.

Противникот добро го отвори натпреварот и поведе со 9-2, но тоа како да ги подразбуди „металците“, кои веднаш вратија со серија 18-3 за првото попопипливо водство (20-12), кое, со мали промени, го одржуваа до крајот на полувремето (35-31). Во третиот период проработе шутот од далечина, постигнавме пет тројки за десет минути и брзо дојдовме прво до двоцифрена предност, а потоа и до огромни плус 19 на крајот од четвртината (60-41), со што беше најавен крајниот епилог на средбата.

Последната четвртина рутински ја одработевме, без да дозволиме да ни се случи пресврт сличен на тој во финалето од Суперкупот против Карпош Соколи. Кошаркарите беа цврсти во одбраната, разновидни во нападот и мирно го приведоа мечот до самиот крај.

Шарлон Клоф со 16 поени и Ксавиер Темс со 14 поени беа најпрецизни во составот на МЗТ Скопје Аеродром, а двоцифрен ефект имаа уште и Џеремаја Мејси и Јуре Лалиќ, кои постигнаа по 12 поени. Тори Томас беше стрелец на осум, Марко Симоновски на шест, Џош Скот три, а Адем Мекиќ и Урош Лучиќ по два поени.

Наш противник во утрешната битка за трофејот (17 часот) ќе биде подобриот од второто вечерашно полуфинале помеѓу организаторот Фени индустри и гевгелиски Кожув.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page