Трофеи се нижат: Пионерите на МЗТ Скопје се закитија со златен медал на „Триглав купот 2016“!

2016 25 Сеп

Пет победи во исто толку натпревари и заслужено освоен златен медал е епилогот од настапот на пионерската селекција на МЗТ Скопје Аеродром на силниот меѓународен „Балкански Триглав куп 2016“, кој викендов се одржуваше во организација на нашиот клуб и тоа како дел од прославата на 50-годишнината од формирањето на клубот.

Кошаркарите во сино-бела опрема на возраст до 13 години во денешното големо финале го совладаа бугарскиот претставник Балкан (49-47) во меч кој беше интересен, квалитетен и до крај возбудлив и неизвесен. Избраниците на тренерот Митко Маринковски подобро се снајдоа во финишот од средбата и сосема заслужено дојдоа до посакуваниот триумф.

Претходно, пред нашите пионерчиња паднаа Академија Актавис од Лесковац, Плеј 017 од Бујановац и Буба баскет од Софија во прелиминарната фаза како и домашниот ривал Јуниор во полуфиналето. Екипата на Јуниор е освојувач на бронзениот медал откако во малото финале го совлада Актавид Академија со 58-56.

Покрај победничкиот пехар, во таборот на МЗТ Скопје завршија уште неколку индивидуални признанија и тоа кај Рубин Стефанов, кој беше прогласен за најкорисен МВП-играч, а заедно со Ненад Благоевски се најде во најдобрата петорка на „Триглав купот 2016“. Тео Војновиќ доби награда за тим лидер во таборот на аеродромци додека Лазар Тасиќ од Актавис Академија беше најдобар стрелец.

Екипите учеснички се договорија дека ова нема да биде издание на овој Балкански куп, а речиси сигурно е дека следното издание ќе се одржи в година во бугарски Ботевград во организација на вицешампионот Балкан.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page