Нема кој да ги сопре: Пионерите на МЗТ Скопје се пласираа во финалето од „Триглав купот 2016“

2016 24 Сеп

Четврта средба и четврта победа за пионерскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром, кој по вечерашната полуфинална победа против Јуниор (62-47) се избори за место во утрешното големо финале од „Балканскиот Триглав куп 2016“, кој е во наша организација во рамки на прославата на 50-годишнината од формирањето на клубот.

Избраниците на Митко Маринковски во најважниот меч одиграа најдобро и воопшто не му дадоа шанса на силниот противник, за што доволно говори крајниот резултат. Рубин Стефанов и Тео Војновиќ одново беа лидери на тимот, во кој и овој пат сите што беа на паркетот го дадоа својот максимум. Претходно, на патот кон средбата на победничкиот трофеј, М13-селекцијата на „металците“ ги совладаа српските Плеј 017 и Актавис Академија како и бугарскиот тим Буба баскет.

 

Сино-белите пионерчиња во финалето ќе ги одмерат силите со вториот бугарски претставник, Балкан од Ботевград, кој во полуфиналето беше подобар од Актавис Академија и кој исто како и ние нема пораз во досегашниот дел од турнирот. Мечот се игра утре претпладне (11 часот) во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page