Пионерите со лесни три победи до полуфинале на „Триглав купот 2016“

2016 24 Сеп

Пионерската селекција на МЗТ Скопје Аеродром се пласира во полуфиналето од силниот „Балкански Триглав куп 2016“, откако оствари три победи во исто толку натпревари на турнирот кој е во организација на нашиот клуб како дел од прославата на 50-годишнината од формирањето.

Сино-белите кошаркари на возраст до 13 години утринава во средба од 3. коло ја совладаа дотогаш непоразената Актавис Академија од Лесковац (57-50) и го осигура првото место на табелата во групата А. Аеродромските пионерчиња претходно беа подобри во пресметките со Буба баскет од Софија и Плеј 017 од Бујановац.

Во битката за пласман во големото финале, избраниците на тренерот Митко Маринковски вечерва ќе се сретнат со екипата на Јуниор (18 часот) додека во второто полуфинале ќе се сретнат бугарски Балкан и Актавис Академија (20 часот). Средбите ќе се одиграат во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во битка за пласман од 5-8 позиција на „Триглав купот 2016“ исто така вечерва, во салата во Ново Лисиче, Буба баскет ќе се сретне со Вардар, а Визура шарк со Плеј 017.

Финалето и дуелот за третото место се утре претпладне со почеток во 12 односно 10 часот исто така во малата сала во „Јане Сандански“.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page