Пионерите на МЗТ Скопје со две убедливи победи го почнаа „Триглав купот 2016“

2016 23 Сеп

Талентираните кошаркари до 13-годишна возраст на МЗТ Скопје Аеродром со две убедливи победи го почнаа настапот на силниот меѓународен „Балкански Триглав куп 2016“, кој почна денеска и ќе трае до недела во организација на нашиот клуб, а во склоп на континуираната прослава на 50-годишнината од формирањето.

Сино-белите пионерчиња прво го совладаа тимот на Плеј 017 од Бујановац (79-36), а потоа беа подобри од Буба баскет од Софија (52-40). Утре со почеток во 11 часот ќе го одиграат клучниот меч за првото место во групата А против Актавис Академија од Лесковац по што ќе се знае нашиот противник во полуфиналето кое се игра во вечерниот термин. Финалето и средбата за трето место на програмата е задутре.

На денешните средби нешто подобар во тимот од „Јане Сандански“ бил Рубин Стефанов, синот на прославениот македонски репреентативец Врбица Стефанов, а веднаш зад него според прикажаното бил Тео Војновиќ, кој, пак, е син на уште една легенда на клубот, Ѓорѓе Војновиќ. Одлични партии прикажале уште и Ненад Благоевски и Виктор Стојковски, но според зборовите на тренерот Митко Маринковски пофалби заслужуваат сите играчи кои денеска се појавиле на паркетот.

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

МЗТ Скопје – Плеј 017 79-36

Буба баскет – Актавис А. 43-63

МЗТ Скопје – Буба баскет 52-40

Плеј 017 – Актавис А. 35-70

ГРУПА Б

Јуниор – Визура 65-47

Вардар – Балкан 40-55

Вардар – Визура

Јуниор – Балкан 36-47

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page