Американецот Томас го доби признанието за МВП-играч на Суперкупот

2016 23 Сеп

Освен трофејот за победник во Суперкупот, ризницата трофеи на МЗТ Скопје Аеродром од денеска е побогата за уште еден пехар – тој наменет за најкорисен (МВП) играч на турнирот, кој заврши во рацете на јунакот на вечерашното финале, Американецот Тори Томас.

Искусниот плејмејкер одлично го одигра целиот натпревар, а на 28 секунди до крајот ја погоди победничката тројка од огромна далечина. Томас на оваа, но и на вчерашната полуфинална средба против Фени индустри покажа дека на него може сериозно да се смета за предизвиците кои нѐ очекуваат во Еврокупот и во АБА-лигата. Американецот средбата ја заврши со дабл-дабл ефект со 19 поени и 13 асистенции.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page