Почнува „Балканскиот Триглав куп 2016“ за пионери во организација на МЗТ Скопје!

2016 23 Сеп

Како една од манифестациите организирани по повод 50-годишнината од формирањето на клубот, МЗТ Скопје Аеродром од денеска до недела ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир „Балкански Триглав куп 2016“ за играчи на возраст до 13 години, на кој покрај нашата ќе учествуваат уште две македонски и пет странски екипи.

Тимовите се поделени во две групи во кои ќе се игра според системот „секој со секого“, а потоа двете првопласирани ќе продолжат во полуфиналето, а останатите ќе играат за пласман од 5 до 8 место. Во групата А, покрај пионерчињата во сино-бела опрема, се најдоа и екипите на Актавис Академија од Лесковац, Плеј 017 од Бујановец и Буба баскет од Софија додека во групата Б ќе играат Вардар, Јуниор, Балкан од Ботевград и Визура шарк од Белград.

Талентираните пионери од Балканот ќе играат во салата во Ново Лисиче, во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје како и во салите на Вардар и на Јуниор. За најдобрите се предвидени пригодни награди.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК (23 септември)

САЛА НОВО ЛИСИЧЕ

МЗТ Скопје – Плеј 017 12 ч.

Буба баскет – Актавис А. 14 ч.

МЗТ Скопје – Буба баскет 18 ч.

Плеј 017 – Актавис А

САЛА „СРЦ КАЛЕ“

Вардар – Балкан 14 ч.

Вардар – Визура 20 ч.

САЛА „ЈУНИОР“

Јуниор – Визура 14 ч.

Јуниор – Балкан 19.30 ч.

САБОТА (24 септември)

САЛА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

МЗТ Скопје – Актавис 9 ч.

Буба баскет – Плеј 017 11 ч.

(1) А1 – Б2 18ч.

(2) Б1 – А2 20 ч.

САЛА „НОВО ЛИСИЧЕ“

Вардар – Јуниор 9 ч.

Балкан – Визура 11 ч.

(3) А3 – Б4 17 ч.

(4) Б3 – А4 19 ч.

НЕДЕЛА (25 септември)

САЛА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

За трето место 10 ч.

Финале 12 ч.

САЛА „НОВО ЛИСИЧЕ“

За седмо место 9 ч.

За петто место 11 ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page