МЗТ Скопје викендов домаќин на „Балканскиот Триглав куп 2016“ за пионери!

2016 22 Сеп

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром викендов ќе биде домаќин на силниот „Балкански Триглав куп 2016“ во пионерска конкуренција, на кој ќе настапат осум екипи и тоа три од Македонија и пет од странство, а кој се организира во склоп на прославата на 50-годишнината од формирањето на клубот.

Станува збор за исклучително силен собир за играчи до 13-годишна возраст, на кој покрај нашата селекција ќе настапат уште и Вардар, Јуниор, Буба баскет, Балкан (Бугарија), Визура Белград, Актавис Лесковац и Плеј 017 Бујановац (Србија). „Триглав купот“ почнува утре, а завршува в недела кога ќе бидат и доделени признанијата за најдобрите.

Екипите ќе бидат поделени во две групи во кои ќе се игра според системот „секој со секого“ по што двата првопласирани тима ќе се најдат во полуфиналето додека останатите ќе играат за пласман од 5-8 место. Натпреварите ќе се играат во салата во Ново Лисиче како и во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во групата А се МЗТ Скопје Аеродром., Актавис Академија, Буба баскет и Плеј 017 додека во групата Б се Вардар, Јуниор, Балкан и Визура шарк.

Предводник на сино-белата чета за играчите од оваа возрасна категорија е Митко Маринковски, за кого ова ќе биде одлична шанса за нова проверка на играчите со кои располага по освоеното второ место на неодамнешниот „Буба куп“ во Софија.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page