Испечатете ја страната

Среќен роденден за Андреј Цветковски

2016 20 Сеп

Добрата атмосфера во таборот на МЗТ Скопје Аеродром по конечното комплетирање на тимот и остварување на првата победа во подготвителниот период, денеска на момент ќе премине и во славеничка, со оглед на роденденот кој денеска го прославува Андреј Цветковски.

Младинскиот репрезентативец на Македонија полни 20 години во пресрет на сезоната во која по едногодишно отсуство повторно ќе настапува во сино-белиот дрес, кој го носеше во најголем дел од настапите во младинската конкуренција. Плејмејкерот летово потпиша двегодишен договор со актуелниот освојувач на домашната двојна круна.

Цветковски неделава ќе има шанса да дојде до првиот трофеј како првотимец на МЗТ Скопје Аеродром и тоа во Суперкупот, чија завршница е задутре и в петок во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Нашиот тим во задутрешното полуфинале ќе ги одмери силите со Фени индустри (18 часот) додека во другата пресметка ќе се сретнат Карпош Соколи и Куманово. Финалето е следниот ден со почеток од 20.30 часот.