Пионерите победија со плус 33 за второ место на „Буба купот“ во Софија

2016 11 Сеп

Со доминантна игра од првиот до последниот момент, пионерите на МЗТ Скопје Аеродром утринава убедливо го совладаа романскиот тим Дан Дачиан (74-41), во последниот меч од силниот меѓународен турнир „Буба куп“, кој викендов се одржа во Софија.

Денешниот триумф на нашата М-12 селекција значеше и второ место во генералниот пласман, зад српскиот претставник ФОКА Крагуевац, од кого вчера загубивме во меч во кој имавме шест поени предност на полувремето. Третопласиран е Дан Дачиан, а на последното место се најде организаторот Буба баскет, кого го совладавме на отворањето на турнирот.

Тренерот на екипата, Митко Маринковски изрази задоволство од прикажаното, без разлика што не беше одбранет трофејот од лани, најмногу поради далеку посилната конкуренција како и неколкуте клучни судиски грешки во решавачкиот дуел за првото место. Сите играчи го дадоа својот максимум, а истовремено уживаа во дружењето со врсниците од Бугарија, Романија и од Србија.

Со прикажаното на паркетот, Рубин Стефанов, синот на прославениот македонски кошаркар Врбица Стефанов, беше нешто над останатите, поради што од организаторот доби и признание за лидерската улога што ја имаше во тимот. Тој беше најдобар во сите три средби на МЗТ Скопје Аеродром додека посебна пофалба заслужуваат и Тео Војновиќ, Ненад Благоевски, Давид Аврамовски и Виктор Стојковски, но и сите останати кои го носеа сино-белиот дрес на аеродромци.

За М-12 тимот на македонскиот шампион, во кој имаше неколкумина што се и една година помали од останатите, на турнирот во Софија настапија: Рубин Стефанов, Филип Гавриловски, Тео Војновиќ, Тадеј Илијевски, Марко Јаневски, Давид Атанасовски, Филип Босилков, Ненад Благоевски, Даријан Јаневски, Лука Серафимовски, Виктор Стојковски, Давид Аврамовски.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page