Пионерите на МЗТ Скопје поразени од ФОКА од Крагуевац

2016 10 Сеп

Пионерската селекција на МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на „Буба купот“ во Софија, откако попладнево не успеаја да го совладаа српскиот претставник ФОКА од Крагуевац (52-67). Вчера, нашите момчиња беа подобри од организаторот

И покрај релативно високиот пораз, нашата М-12 селекција одигра повеќе од солиден натпревар, кој беше загубен во финишот и тоа по низа сомнителни одлуки на судиите. Избраниците на тренерот Митко Маринковски на полувремето водеа со шест поени разлика, но снемаа сили и на крајот паднаа пред притисокот на противникот.

Рубин Стефанов и Ненад Благоевски и денеска беа над просекот, а ним овој пат со добра игра им се приклучи и Тео Војновиќ. За одбележување е и настапот на Давид Аврамовски и Виктор Стојковски.

Пионерите на МЗТ Скопје настапот на „Буба купот“ ќе го завршат утре кога со почеток во 8 часот по македонско време ќе ги одмерат силите со романскиот тим Дан Дачиан по што ќе се знае конечниот пласман на нашиот состав на овој силен меѓународен турнир.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page