Голема победа на пионерите на стартот од „Буба купот“ во Софија

2016 09 Сеп

Генерацијата кошаркари кои настапуваат за М-12 селекцијата на МЗТ Скопје Аеродром со голема победа го почнаа настапот на „Буба куп“ турнирот на Софија, каде што на отворањето го совладаа домаќинот Буба баскет со 49-44.

Тоа бил вобудлив и до крај неизвесен натпревар, во кој пионерите од „Јане Сандански“ беа подобри во финишот и заслужено дојдоа до значајниот триумф. Со оваа победа, „металците“ најавија дека нема лесно да се откажат од победничкиот пехар, чии бранители се со успехот на ланското издание на турнирот.

Сите играчи во составот на МЗТ Скопје Аеродром дадоа сѐ од себе и имале свој удел во триумфот, а нешто подобри од останатите беа Рубин Стефанов, синот на легендарниот македонски репрезентативец, Врбица Стефанов, како и Давид Аврамовски и Ненад Благоевски.

За М-12 екипата на македонскиот шампион на турнирот во бугарската престолнина настапуваат Рубин Стефанов, Филип Гавриловски, Тео Војновиќ, Тадеј Илијевски, Марко Јаневски, Давид Атанасовски, Филип Босилков, Ненад Благоевски, Даријан Јаневски, Лука Серафимовски, Виктор Стојковски, Давид Аврамовски.

Сино-белите пионери утре ќе ги одмерат силите со српската екипа ФОКА Крагуевац (18 часот), а в недела ќе се сретнат со романскиот тим Дан Дачиан (8 часот).

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page