Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја освојуваат Софија

2016 09 Сеп

Пионерската селекција на МЗТ Скопје Аеродром, во која настапуваат кошаркари до 12-годишна возраст, од денеска до недела (9-11 септември) ќе настапи на силен меѓународен турнир во Софија, каде што воедно го брани победничкиот трофеј освоен минатата година.

Станува збор за собир на најталентираните на балканскиот простор, кој е еден од десетте натпреварувања за играчи помлади од 14 години кои се признати од ФИБА-Европа. Покрај „металците“ и организаторот Буба баскет, на турнирот ќе настапат уште и романскиот тим Дан Дачиан од Букурешт и српската екипа ФОКА Крагуевац. Ова ќе биде осмо издание на „Буба куп“ на кое сино-белите ќе бидат предводени од тренерот Митко Маринковски.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК (9 септември)

МЗТ Скопје Аеродром - Буба баскет (16 ч.)

Официјално отворање на турнирот (17.30 ч.)

ФОКА Крагуевац – Дан Дачиан (18 ч.)

САБОТА (10 септември)

Буба баскет – Дан Дачиан (16 ч.)

МЗТ Скопје Аеродром – ФОКА Крагуевац (18 ч.)

НЕДЕЛА (11 септември)

МЗТ Скопје Аеродром – Дан Дачиан (8 ч.)

Буба баскет – ФОКА Крагуевац (10 ч.)

Свечено затворање и доделување на наградите (11.45 ч.)

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page