Шампионот против ПАОК ја отвора серијата пријателски средби (ФОТО)

2016 04 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево го одработија последниот тренинг пред првиот пријателски меч сезоната, кој утре, како гости, ќе го одиграат против грчкиот прволигаш ПАОК (16 часот).

Средбата е закажана за во „ПАОК арената“ во Солун и ќе биде од затворен тип, со оглед што тоа ќе биде прв контролен дуел и за силниот противник од северна Грција. Станува збор за клуб кој годинава ќе го прослави 90. роденден и кој зад себе има две шампионски титули, три пехара од Купот на Грција како и по еден триумф во Сапорта купот (1991 година) и во Купот Радивое Кораќ (1994 година). За тимот на ПАОК дуелот со МЗТ Скопје воедно ќе биде генерална проба пред пресметката со актуелниот европски шампион ЦСКА Москва, кој е закажан за 9 септември исто така во Солун.

За македонскиот шампион ова нема да биде единствена пријателска пресметка за време на престојот кај јужниот сосед, со оглед на тоа што за задутре е закажан дуел со турскиот прволигаш Газиантеп (12 часот). Веднаш потоа, избраниците на тренерот Емил Рајковиќ ќе се вратат дома, каде што од среда ќе продолжат со подготовките за новата сезона, во која ги очекуваат големи напори во Еврокупот и во АБА-лигата.

На неколкуте последни тренинзи на „металците“ присутен беше и репрезентативецот Адем Мекиќ, кој беше прекуброен за првите две средби на Македонија во квалификациите за ЕП 2017. Тој ја искористи можноста да се запознае со новиот тренер и новодојдените соиграчи и види што го очекува по завршувањето на обврските во националната селекција.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page