Почнуваат уписите во младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром!

2016 31 Авг

„Тренирај со шампионите, учи од најдобрите“ е мотото под кое петкратниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром од утре (1 септември), заедно со почетокот на новата учебна година, ќе почне со уписите во својата младинска школа, а со тоа и со тренинзите во сите возрасни категории.

Тоа воедно значи отворање на салите во кои идните првотимци на актуелниот шампион ќе ги учат кошаркарските мајстории од врвни тренери и во услови кои му доликуваат на тим како МЗТ Скопје и кои тешко може да се најдат во друга средина. Во младинската школа на нашиот тим, талентите ќе имаат одлични услови за напредување, современи методи на тренирање, програма за индивидуално усовршување, туторство од врвни тренери, како и добро дружење и многу забава. Влегувањето во сино-белото семејство, пак, автоматски ќе значи и можност да соработување со стручниот штаб и ѕвездите на најдобриот тим во Македонија.

Расадникот на идни ѕвезди на МЗТ Скопје и сезонава ќе биде застапен во сите основни училишта во општина Аеродром, каде што сите заинтересирани може да ги добијат потребните информации и воедно да се запишат во школото кое најмногу им одговара. Тоа може да се направи во следните термини:

ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ - секој ден помеѓу 18.30 и 20.30 часот

ОУ „Љубен Лапе“ - секој ден помеѓу 17.30 и 19.30 часот

ОУ „Блаже Коневски“ - секој ден помеѓу 18 и 20 часот

ОУ „Браќа Миладиновци“ - вторник и четврток од 16-17 часот

ОУ „Лазо Ангеловски“ - секој ден помеѓу 19.30 и 21.30 часот

ОУ „Димитар Македонски“ - понеделник среда и петок од 17.30-19.30 часот

ОУ „Гоце Делчев“ - секој ден помеѓу 18 и 20 часот

ОУ „Александар Македонски“ - термините дополнително ќе бидат објавени

Интересот за запишување е веќе голем, поради што сите заинтересирани не треба да чекаат премногу за да си обезбедат место во младинската школа на МЗТ Скопје, за да може да тренираат со шампионите и да учат од најдобрите.

Сите дополнителни информации за уписите и за распоредот на тренинзи може да се добијат во погоре наведените термини или, пак, кај координаторот на младинската школа на телефон 070/341-988.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page