Клоф со двоцифрен просек на осумте средби за Холандија

2016 28 Авг

Првото засилување на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, Шарлон Клоф, одигра повеќе од солидно на осумте пријателски средби во дресот на Холандија во пресрет на квалификациите за ЕП 2017, кои стартуваат в среда.

Бекот подготвителниот период го заврши со просек од 10,6 поени и 3,4 скока за 24 минути поминати на паркетот, со што беше меѓу најдобрите кај „лалињата“, кои патот кон новиот Евробаскет ќе го бараат во група со Австрија, Данска и со Германија. Првопласираниот директно обезбедува место на континенталниот собир, како и четирите второпласирани селекции од седумте квалификациски групи. Македонија, пак, е во група со Унгарија, Велика Британија и со Луксембург.

Новото засилување на МЗТ Скопје најдобрата партија ја одигра против Украина со учинок од 19 поени и два скока во рамки на турнирот во грузискиот град Тбилиси. Одличен беше и против Португалија против која реализираше 18 поени со шест скока на турнирот во Сетубал, на кој, пак, постигна 13 поени во пресметката со Унгарија. Во двомечот со Велика Британија во Манчестер (вчера и завчера) зад неговото име останаа запишани 12 односно 10 поени со по шест скока на двете средби, а двоцифрен беше и на првиот натпревар од пријателскиот циклус, против Полска на кој реализира 10 поени.

Холандија во квалификациите влегува со скор 3-6 на контролните дуели, а единствен натпревар во кој Клоф доби одмор беше тој против Русија на турнирот во Тбилиси. Неговото приклучување на тренинзите на МЗТ Скопје Аеродром се очекува по завршувањето на квалификациите за ЕП 2017, а тоа е кон средината на следниот месец.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page