Американецот Мејси се приклучи на тренинзите на МЗТ Скопје

2016 26 Авг

Натурализираниот Американец со македонски пасош, Џеремаја Мејси, од денеска е дел од тренажниот процес на МЗТ Скопје Аеродром, откако доцна синоќа пристигна во престолнината со цел да го „одработи“ едногодишниот договор што го има со актуелниот првак.

Искусниот крилен центар уште на утринскиот тренинг му се стави на располагање на тренерот Емил Рајковиќ, со цел што е можно побрзо да влезе во системот на работа и да се подготви за исклучително напорната сезона во која „металците“ ги очекуваат тешки мечеви во Еврокупот и во АБА-лигата. Мејси во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на аргентинскиот прволигаш Депортиво Либертад, а зад себе има импресивна интернационална кариера со настапи за екипи како Арис, Реал Мадрид, Локомотив Кубан, Бросе баскет...

Новото засилување на шампионот воедно е и првиот натурализиран Американец кој играл за жолто-црвената селекција, а кој потпишал за македонски клуб. Тој беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациите и завршницата од ЕП 2009, во кои одигра по шест средби со просек од 13,5 поени и шест скока односно 12 поени и 4,8 скока.

Силното крило во таборот на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапува како Македонец што нема да биде од посебна важност во АБА-лигата и во Еврокупот, каде што нема ограничувања, но ќе биде значајно во домашните натпреварување во кои нема да влезе во квотата предвидена за странски засилувања.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page