МЗТ Скопје Аеродром договори две пријателски средби во Солун

2016 25 Авг

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на следниот месец, во рамки на подготовките за новата сезона, ќе одиграат две пријателски средби во Солун и тоа против екипи од грчката односно турската елита.

Според договорот на управите на клубовите, македонскиот првак првата средба ќе ја одигра на 5 септември против домашниот ПАОК (16 часот) додека вториот дуел на програмата е следниот ден (6 септември) против екипата на Газиантеп (12 часот). Мечевите ќе се одиграат во спортската арена во Солун во која своите домашни средби ги игра двократниот шампион на Грција.

Се очекува тоа да бидат силни проверки на моменталните можности на избраниците на тренерот Емил Рајковиќ со оглед на тоа што ПАОК со години е во самиот врв на грчката кошарка, а сезонава ќе биде дел од групната фаза на новоформираната Лига на шампиони на ФИБА Европа, додека Газиантеп минатата сезона беше меѓу осумте најдобри тима во силното турско првенство.

Десетина дена по овие средби, МЗТ Скопје Аеродром ќе настапи на уште еден силен меѓународен турнир и тоа меморијалот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (15 и 16 септември) на кој покрај организаторот Босна Ројал ќе учествуваат уште и Цедевита и Будуќност.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page