Тренирај со шампионите, учи од најдобрите!

2016 19 Авг

Под мотото „Тренирај со шампионите, учи од најдобрите“, младинската школа на МЗТ Скопје наскоро ќе почне со уписите на новите потенцијални кошаркарски ѕвезди, а истовремено ги врши последните подготовки во пресрет на новата сезона, која ќе биде под знакот на прославата на 50-годишниот јубилеј од формирањето на клубот.

Со почетокот на новата учебна година ќе бидат отворени вратите и на салите во кои идните првотимци на актуелниот првак ќе ги учат кошаркарските мајстории од врвни тренери и во услови кои му доликуваат на тим како МЗТ Скопје. Во младинската школа на нашиот тим, талентите ќе имаат одлични услови за напредување, современи методи на тренирање, програма за индивидуално усовршување, туторство од врвни тренери, како и добро дружење и многу забава.

Влегувањето во сино-белото семејство, пак, автоматски ќе значи и можност за соработка со стручниот штаб и ѕвездите на петкратниот шампион на Македонија. Интересот за запишување е веќе голем, поради што сите заинтересирани не треба да чекаат премногу за да си обезбедат место во младинската школа на МЗТ Скопје, за да може да тренираат со шампионите и да учат од најдобрите.

Повеќе информации за уписите може да се добијат на телефоните 070/341-988 и 078/757-221.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page