Отворен новиот „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“ (ФОТО)

2016 17 Авг

На простор од околу 200 квадратни метри, во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“, денеска и официјално беше отворен „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“ во кој навивачите на петкратниот кошаркарски шампион во иднина ќе можат да купат најразновидни производи со логото на омилениот клуб, но и останата квалитетна спортска опрема.

На отворањето беа присутни кошаркарите и стручниот штаб на „металците“ како и членови на управата и поранешни легенди на клубот, но вистински шмек дадоа дечињата од младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром, кои ја искористија можноста да дојдат до автограм и заедничка фотографија со своите миленици. Тука беа и голем број вљубеници во сино-белата боја, кои дојдоа да го разгледаат новиот модерен фан-шоп на тимот за кој навиваат, но и да купат маица, шал, капа, чаша или некој друг производ со логото на првакот.

Сите посетители на „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“ во периодот од 17 до 21 август ќе добијат 20-отстотен попуст на целиот асортиман. Отворањето на фан-шопот истовремено е и уште една од низата активности на предводниците на „металците“ кои се прават во чест на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на клубот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page